Редакцијата на Фронтлајн најостро ги осудува заканите по живот упатени кон долгогодишниот новинар и колумнист Бранко Тричковски.
Заканите кои осамнаа на неговиот личен Фејзбук профил се загрижувачки и Фронтлајн повикува на брза реакција од надлежните институции.
За текст објавен од Тричковски на неговиот Фејсбук профил, заканувачот повикува на линч, смрт на Тричковски и вели дека нуди: „10 илјади евра за оној кој ќе ти стави метак у глава нудам“.
Редакција Фронтлајн