Горниот дом на рускиот парламент го одобри барањето на претседателот Владимир Путин за употреба на воена сила надвор од Русија, зголемувајќи ги стравувањата дека наскоро може да дојде до целосна инвазија на Украина, јави АФП, пренесе Форбс.
Советот на Федерацијата на Русија во вторникот одобри употреба на воена сила во странство, според Асошиејтед прес и АФП.
Ова формално им дозволува на руските трупи да се преселат во источна Украина еден ден откако Путин призна две проруски бунтовнички држави таму и нареди руски воен персонал да влезе во украинскиот регион Донбас.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во вторникот изјави дека руските трупи веќе се упатуваат во источна Украина, што значи дека одобрението од парламентот е нешто повеќе од изведена формалност.
извор: ЦИВИЛ