Наместо конкретни предлози и идеи ВМРО-ДПМНЕ ја користи секоја криза за да шири паника преку лажни вести, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски.
– Таква е и денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски полна со лаги и невистини. Граѓаните да бидат спокојни, државата има задоволителна количина прехранбени производи, меѓу кои и пченка и пченица. Институциите продолжуват со снабдување на државните резерви а се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.
Ситуацијата се следи редовно и внимателно, граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ кои освен по штета на интересите на граѓаните и државата ништо друго и не прави, велат од СДСМ.







