Се извинувам за задоцнувањето но ова е една бурна ноќ поради руската агресија. Само што се вратив од Украинско-Полската граница каде што се сретнав со главниот секретар на САД Антони Блинкен и разговаравме во неутралната зона на границата. Имавме продуктивен разговор за ефикасноста на санкциите преземени против Русија, но најважно разговаравме за нашите следни чекори, истакна Кулеба на неговото обраќање во живо.
„Уверен сум дека ќе ги имплементираме овие продуктивни разговори во наредните денови, а САД ќе се здружат со нивните европски сојузници. Како што видовте од медиумите, Украина крвари, но се држи цврсто на земјата.
Сите одбранбени сили ја бранат државата во сите правци. Постигнаа голем успех во изминатото деноноќие разбивајќи ги руските војници. Целиот свет е воодушевен од нивната храброст.
Митот за непобедливата руска армија се покажа дека не е точен и е уништен, поради ова, Русија не успева да ги реализира нејзините стратешки цели.
Загубите на Русија во однос на војници се огромни и не можам да разберам како мајки, сопруги и семејства го издржуваат тоа нивниот претседател Путин да испраќа се повеќе и повеќе од нивните сакани во Украина. Досега изгубија околу 10.000 војници, 40 хеликоптери, 269 тенкови, 945 возила…
Денешното истражување покажа дека 90 проценти од Украинците се уверени во победата на Украина. Без разлика и кој град да го заземат, не можат да го побијат духот на Украинскиот народ.
Денеска, илјадници мирни демонстранти протестираа пред вооружени Руски војници држејќи Украински знамиња укажувајќи им дека Украина им припаѓа ним.
Запомнете ги имињата на градовите Херсон и Бирѓанск, бидејќи нивната храброст е голема и го повикувам светот да покаже солидарност со мирни протести.
Пораката на Украинскиот народ е едноставна: „Руси одете си дома, на туѓа земја сте каде што на никого не му сте потребни и никој не ви посака добредојде со цвеќиња. Путин, остави ја Украина! Спаси ги животите на Русите и запри го ова крвопролевање“, истакна Кулеба.
М. М.







