ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис: Верувам дека на средбата со Ердоган ги поставивме темелите за подобрување на односите

March 13, 2022 18:32
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во добра клима, со отворена и искрена дискусија и со поставени темели за подобрување на односите меѓу двете земји, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, поминала средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис и Ердоган денеска имаа работен ручек во резиденцијата на турскиот претседател во Истанбул, а грчкиот премиер веднаш потоа се сретна и со вселенскиот патријарх Вартоломеј и на почетокот од средбата се осврна и на разговорите со Ердоган.

– Се надевам дека се согласивме дека во овој момент се соочуваме со толку многу предизвици како човештво, но и како две земји сојузници во НАТО, што е поважно да се фокусираме на оние работи што нè обединуваат, а помалку на оние што нè разделуваат, рече Мицотакис.

Тој додаде дека ги повторил грчките национални ставови, но ја потенцирал потребата да се гради позитивна агенда, особено во економијата и изрази уверување дека ако сè биде во ред, на есен би можел да се свика Високиот совет за соработка меѓу двете земји, чиј домаќин ќе биде Грција.

– Мислам дека беше можност за многу отворена, многу искрена дискусија и мислам дека ја поставивме основата. Внимателен сум во формулациите, бидејќи како што разбирате имаме големи разлики кои не се премостуваат од еден момент во друг. Верувам дека ги поставивме темелите за подобрување на нашите односи и во главно да соработуваме во големите прашања во кои во моментов се соочуваме со огромни предизвици, рече грчкиот премиер на средбата со Вартоломеј коментирајќи ги разговорите со турскиот претседател.

Владини извори за грчките медиуми брифираа дека на средбата што траела над два часа Мицотакис и Ердоган се согласиле „да се направи напор за намалување на тонот на реториката, бидејќи со големите проблеми создадени со руската инвазија на Украина, во интерес на сите е да постои стабилност во Југоисточниот Медитеран“. /MИА/.

Next Post

Маричиќ: Поштите на Северна Македонија и Бугарија ќе соработуваат, неразбирливо е зошто до сега пратките од Скопје до Софија патувале преку Белград

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk