ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Штедењето почнува од врвот- нема толеранција за залудно потрошени пари во владата

March 17, 2022 20:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата донесе мерки на штедење, со кои ќе бидат опфатени министрите, градоначалниците, директорите.Нема набавка на мебел, нови возила,мобилни телефони и останато.  Трошоците за администрацијата како и за функционерите но и ресорните министерства ќе мора да се намалат.

Премиерот Димитар Ковачевски најави санкции за секој што нема да ја почитува одлуката за рационализација на трошоците во јавниот сектор.

Македонската влада реши одлучно да штеди и да воведе ред пред се во своите први редови- донесе големи мерки на штедење во услови на голема економска криза, која што се продлабочи со војната во Украина.

Станува збор за антикризни мерки за рационализација на трошоци во јавниот сектор, со кои сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март.

Со мерките се забранува набавка на мебел и возила, буџетските корисници за 50% ќе треба да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службените возила.

Овие мерки се продукт на економската криза која несомнено секојдневно го тресе светот. Владата освен во своите први редови, критика упати и кон градоначалниците на одредени општини кои од една страна бараат помош од државата за да опстанат, а од друга страна се одлеваат неконтролирано пари од општинските каси во услови на криза.

Штедењето секако ќе почне од врвот, мерките како овие така и претходниот пакет секако ќе дадат резултат, но одговорноста е на сите нас. За да излеземе од оваа криза, секој подеднакво е одговорен и должен да штеди, пред се за да ја заштити својата иднина, но воедно да ја заштити и економската иднина на државата.

Владанка Крстевски

Next Post

Бугарското МВР ја избриша веста за апсењето на Борисов

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk