Жителка на Москва е казнета со 30 илјади рубли поради жолто-сина капа и значка, пренесува Радио Слобода.
Жената, „бидејќи била на јавно место, носела облека и значка во боите на знамето на Украина, изразувајќи јасно негативен став кон вооружените сили на Руската Федерација“. Освен тоа, според верзијата на руската полиција, обвинетата „го привлекувала вниманието на блогерите“.
Адвокатите на московјанката рекле дека под „облека“ се мисли на жолто-сина капа, а под „значка“ – беџ, срце со исти бои.
Како што е извесно, жителите на руските градови почнаа да протестираат против војната во Украина. Досега се приведени повеќе од 15.000 луѓе. Се трага по многу активисти.
превод: Жорж Димовски