Абе сиктер на секој градоначалник кој не ги задоволува потребите на граѓаните. Кога се чепатеа по митинзи не знаеја со колку пари располагаат општините? Не ги знаеја надлежностите? Немаа појма што можат а што не можат?, пишува професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил.
„Или тогаш лажеле или се неспособни.
Во секој случај, сиктер за секој кој се обидува да ја префрли вината за сопствениот неуспех на централната власт.
Има кој знае и кој умее.
И граѓаните веќе треба да покажат заби и да не молчат како мулиња“, пишува Најчевска.
Инаку, на вчерашната прес-конференција, од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ) рекоа дека јавните комунални претпријатија на Општините низ земјава нема да можат да ги снабдуваат граѓаните со вода и да чистат ѓубре ако Владата не им даде пари.







