Центарот за спротивставување на дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина препорачува Украинците да користат нов бот за проверка на факти за да им помогне брзо да ги идентификуваат лажните вести, пренесува Укринформ.
Забележано е дека ботот „Перевирка“ (проверка) е спас од лажни вести, непроверени извештаи, директни дезинформации и руска пропаганда.
Конкретно, со помош на новиот бот за проверка на факти, Украинците ќе можат да идентификуваат лажни вести на социјалните мрежи, во политиката, како и лажни вести што ги шират руските медиуми насочени против Украина.
За да се потврди извештајот за вести, на потрошувачите на информации им се нуди да ја испратат соодветната врска за ботот да ја провери.
Врската веднаш ќе биде обработена од тим кој може брзо да просејува големи количини на информации користејќи алатки за вештачка интелигенција.
Одговорот треба да се очекува за неколку минути, се вели во соопштението.
Како што објави Укринформ, Генералштабот на вооружените сили на Украина ги повика граѓаните да ги проверат вестите што се подготвени да ги споделат на социјалните мрежи бидејќи руските пропагандисти работат на сеење паника меѓу Украинците.
превод: М. М.