Единствената работа која ме радува околу повиците на апасиев и бандата за бојкотирање на пописот, е што конечно, веќе нема да делиме националност со убер-патриотите, напиша на Фејсбук Павле Богоевски.
„Единствената работа која ме радува околу повиците на апасиев и бандата за бојкотирање на пописот, е што конечно, веќе нема да делиме националност со убер-патриотите.
Денес, ние сме Македонци. Тие, се едно големо НИШТО.
п.с. А да, ме радува и кога ги гледам очајните обиди на вмро целата вина да ја префрлат на апасиев, како да не беа координирани во целата антидржавна бојкотирачка акција“, пишува во објавата.