ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Караванот за вакцинација завршува во Струга, забележан раст во просечниот дневен број на вакцинирани

April 3, 2022 10:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По посетени вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава, во Струга денеска ќе заврши караванот за вакцинација против КОВИД-19. Освен можноста да се прими вакцина против вирусот, медицинските екипи, Црвениот крст и студенти од медицински здруженија презентираа веродостојни информации за вакцинацијата и придобивките од неа, како и за ризиците од одложување на вакцинирањето.

Караванот за промоција на вакцинацијата како безбедна имунизација започна на 21 март во Шуто Оризари, а ќе заврши денеска во Струга, каде од 11 до 15 часот на новото шеталиште граѓаните ќе можат да се имунизираат против коронавирусот.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, речиси 41,2 проценти од вкупното население во земјава е вакцинирано со две дози, а со помош на Караванот пријавено е зголемување од над 11 отсто во просечниот дневен број на вакцинирани лица.

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 300 нови случаи на КОВИД-19, од вкупно 2.493 тестови. Оздравени се 197 лица, од кои 129 се од Скопје, а починато е едно лице од Битола на 71-годишна возраст во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813.

Од следната недела се очекува Главниот координативен кризен штаб да ги прифати мерките предложени од Комисијата за заразни болести, која препорача да се укине мерката за носење маски за средношколците и повторно да се организираат училишни екскурзии во основните и средните училишта.

Овој предлог на Комисијата доаѓа откако Владата неделава ги усвои мерките за укинување на маските за учениците од основните училишта, настава со физичко присуство на факултетите, но со задолжително носење заштитна маска и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти.

Next Post

Софиска бТВ: Евтиното македонско јагнешко месо ги загрозува одгледувачите на овци во Бугарија

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk