ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерот Ковачевски и министри од Владата од утре ќе учествуваат на седмиот Делфи економски форум во Грција

April 5, 2022 10:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања и министрите за финансии, економија, одбрана, надворешни работи и животна средина, ќе учествуваат на седмиот Делфи економски форум во Грција што почнува утре и ќе трае до 9 април, пренесува МИА.

Според официјалната агенда, за сабота е закажано учеството на премиерот Ковачевски на дискусија со новинар од грчкиот весник „Та неа“, а истиот ден, на посебни, одделни панели ќе дискутираат и премиерите на Грција, на Бугарија, на Црна гора, но и претставници на Европската Унија.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи заедно со министрите за надворешни работи на Грција, Словачка и Косово, исто така во сабота, ќе дискутираат на тема „Европа по Украина“, а ден претходно на три различни панели е учеството на заменик- претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.

Вицепремиерот Битиќи, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и Западен Балкан Мирослав Лајчак, со заменик- помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, со поранешниот специјален претставник на САД, Курт Волкер и со претседателот на трговската и индустриска комора на Србија Марко Чадеж, ќе говорат за стабилноста на Западен Балкан.

За тоа „Како украинската криза влијае врз економиите во нашиот регион“, министерот Бектеши ќе учествува на дискусија со генералниот секретар за меѓународни економски прашања од грчкото МНР, со програмскиот менаџер на Светската банка за јужна Европа и професор од Економскиот факултет во Белград.

Министерот Бесими во петок ќе дискутира со претседателот на Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија.

Безбедносните прашања ќе бидат во фокусот на панелот во четврток, на кој ќе учествува министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со доцент од германски Универзитет и членови на Меѓународниот центар Низами Ганџави.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, утре попладне ќе дискутира со директорот на грчкиот Институт за одржлив развој.

На седмиот Делфи економскиот форум насловен „New Realities“ потврдени се 780 говорители од 36 земји, а ќе бидат опфатени низа теми, како што се светската безбедност, глобалната економија, климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството, културата итн.

Економскиот форум што се одржува во градот Делфи е под покровителство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која утре ќе го отвори форумот, а на свеченото отворање, онлајн обраќање ќе имаат и вселенскиот патријарх Вартоломеј и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Претседателот и потпретседателот на Форумот, минатата седмица на прес конференција во Атина ја презентираа програмата, истакнаа дека целта е да се покријат сите теми, а ова година поради војната, голем дел ќе биде посветена на Украина, но и на геополитички предизвици.

Со оглед на тоа дека присутни ќе бидат премиерите на Северна Македонија, на Бугарија,  Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, и оваа година предвиден е посебен дел посветен на Западен Балкан, нешто што го потврди и основачот и претседател на Форумот Симеон Цомокос, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Потврдено е учеството и на комесари и претставници од Европската Унија, а освен низата панел дискусии, планирани се и затворени настани, а еден таков ќе биде посветен на Турција.

По две години, поради пандемијата, форумот повторно се враќа во градот Делфи.

Делфи економскиот форум е независна, непрофитна организација со меѓународен карактер, каде секоја година се среќаваат престижни личности од економијата, политиката и академската заедница, а целта е да се прикаже реална рамка на цели и активности, да се бараат политики за справување со глобалните предизвици и да се најдат соодветни решенија за сложените прашања во Југоисточна Европа и Источниот Медитеран, но и да се промовираат иновативни идеи за одржлив и конкурентен раст за Европа и поширокиот регион.

Лани, Економскиот Форум од Делфи го организираше Првиот економски Форум во Скопје, а оваа година, на 6 јуни ќе се одржи вториот.

Освен во Скопје, планирани се економски форуми и во други градови од регионот, односно во Тирана (10 мај), во Софија (20 мај), во Белград (6-7 октомври).

Next Post

Бучарот

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk