Станаа познати трагичните детали за смртта на жената во Буча, чиј 6-годишен син донел конзервирана храна на гробот на мајка си во дворот на куќата. Страшна фотографија од дете на гробот на мртва мајка се рашири низ светот.
Се испоставило дека жителката на Буча не умрела од глад, како што претходно беше соопштено, имала уште две деца, освен малиот Влад. Трагичната приказна ја раскажа изданието Телеграф.
Пред неколку дена странските фотографи Родриго Абд и Нарцисо Контрерас објавија застрашувачки фотографии направени во Буча, ослободена од руските напаѓачи, во регионот Киев, каде две момчиња, Влад и Вова, дојдоа на гробот на нивната мајка, која почина за време на окупацијата на градот од руски окупатори. Помладото момче, 6-годишниот Влад и донел конзервирана храна на својата мајка.
Потоа беше објавено дека жената починала од „глад и стрес“.
Во Буча, дете носи храна на гробот на неговата мајка, која почина во подрумот под гранатирање.
Новинарите ги побараа семејните познаници – и дознаа што навистина се случило.
Починатата жена се викала Марина Наумец. Работела како дадилка во приватен детски центар. Таа имаше само 34 години.
Три деца останаа сирачиња – 13-годишната Софија, 10-годишниот Владимир и 6-годишниот Владислав.
„Според жителите, жената не можела да се справи со стресот среде воените дејствија и починала во засолниште на станбена зграда, за глад не станува збор. Можеби нејзиното срце не издржало“, објаснуваат новинарите.
превод: Жорж Димовски