Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност при Министерството за култура и информатичка политика на Украина, Стратком, објави видео од исказ на украински војник кој демонтирал руски дрон Орлaн.
„Расклопивме руски дрон кој падна на наша земја. Ние дури сакавме да ја пратиме оваа „вселенска технологија“ на нашите Западни партнери. Испративме фотографии и тие веднаш ни вратија дека сигурно се шегуваме со нив, затоа што тоа воопшто не личи на модерна технологија и ни рекоа сами да се справиме со тоа. Тоа и го направивме. Сега ќе видиме супер модерни технолошки решенија“, вели војникот кој објаснува што содржи расклоппениот дрон.
Тој објаснува дека ќе ги покаже „духовните направи“ коишто се достапни за секој Русин. Истите се употребени во Орлан.
Ukrainian soldier dismantled the Russian Orlan drone, debunking yet another Russian myth. pic.twitter.com/GkCvJyqWbB
— Stratcom Centre UA (@StratcomCentre) April 12, 2022
„Ајде да го видиме ова техничко решение што може да го користиме на часовите во училиште или за моделирање на авиони. Има дел за фотографирање. Камера што ги фотографира позициите на нашите трупи. Пишува „направено во Русија“ но всушност се работи за Cannon (Канон) камера кој може да се користи во новинарството за воено покривање. Безбеден е за употреба. Тркалото за подесување е залепено за да не може да се врти. Исто така има и термални модули. Но, да преминеме на главното“, вели војникот.
Кога продолжува со описот, војникот вели, да продолжиме со „духовната креација“ без која Русите не можат, а на неа има нешто невообичеано, тоа е – пластично шише.
„Вистина е. Не е лага. До шишето пишува „гориво“…..Во суштина, вистина е дека Русија не може без шишиња“, завршува иронично војникот.
Обработка: И. З.