ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

СОНК има 700.000 евра годишен прилив, дали понудата од 10 отсто повисоки плати им ги мати сметките?

April 19, 2022 21:56
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека СОНК од една страна тврди дека штрајкот е за зачувување на достоинството на наставниците, а од друга страна одбива зголемување на платите за 10 отсто или во просек 2500 денари, наставниците, но и родителите ги поставуваат прашањата чии интереси точно брани СОНК и што прават со нивниот огромен буџет. Дали навистина нивната битка е основана или синдикалните лидери си ги штитат своите интереси.

Ако се направи пресметка низ призма на парите кои завршуваат во СОНК можеби ќе стане јасно дека борбата за повисоки плати е всушност борба за поголем прилив во касата на овој синдикат. Затоа што колку повисоки плати имаат наставниците, членови на СОНК, толку повисока сума оставаат месечено како членарина.

Секој член на СОНК месечно издвојува по 0,4 отсто од платата за синдикалниот фонд. Ако просечната плата на наставниците е околу 25 илјади денари, тогаш тие 0,4 отсто се 120 денари или околу две евра месечно по член. Тоа значи дека СОНК од членство месечно инкасира по околу 56 илјади евра или над 670 илјади евра годишно, што преставува значителна сума пари. Ако се има предвид дека Владата понуди покачување за 10 отсто, тоа значи дека синдикалната сума ќе надмине 700 000 евра.

Родителите, но и наставниците кои ги плаќаат овие средства започнаа да се прашуваат каде завршуваат овие пари, а на социјалните мрежи се појави информацијата дека претседателот на СОНК, Јаким Неделков добива речиси 69 илјади денари плата од синдикатот, што двојно, па и повеќе од просечната наставничка плата. Дали ако се зголемат платите на наставниците, а со тоа и сумата за синдикатот, платата на Неделков ќе расте?

Како со штрајкот и со попречување на наставата, по двете години пандемија во кои децата пропуштија многу од воспитно-образовниот процес, СОНК  се грижи за интересите на учениците и на родителите? Во години кога македонското образование паѓа на меѓународните листи, како СОНК ќе го оправда ова дополнително губење настава и загрозување на учебната година за учениците?

Со цел да ги врати на настава Владата се обиде да излезе во пресрет на штрајкот и понуди 10 отсто покачување на платите, што преточено во бројки ќе беше во просек по 2500 денари за наставник. Доколку на тоа се додаде и покачување од 21 отсто во изминатите четири години, тогаш покачувањата на платите на наставниците за време на Владата на СДСМ ќе достигне 31 отсто. Покачувања во време на светска економска, енергетска, здравствена, но и воена криза.

Со ова зголемување платата на наставник во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари. На наставник во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд  платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари додека на негователите за околу 5.000 денари.

Колку за споредба, за време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, наставниците добија покачување од само четири отсто, кога државната економија не беше раздрмана од светски кризи, но парите наместо за граѓаните се насочуваа за споменици и барокни фасади. Во тоа време Владата имаше далеку подобри економски и финансиски услови да ги зголемува платите, но наставниците и образованието никогаш не станаа приоритет за ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните, родителите на учениците, но и дел од наставниците веќе се прашуваат дали Јаким Неделков, претседателот на СОНК, навистина добива околу 69 илјади денари плата од СОНК и како тој се грижи за интересите на децата, родителите и наставниците одбивајќи покачување на платите сега, но и разработка на методологија за континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образованието. Ако Неделков не го послуша последниот повик на МОН дека ова е единствената понуда која нуди решение и во моментот, но и за во иднина, тогаш уште еднаш ќе се потврди дека неговата цел не е повисоки плати, туку загрозување на образовниот процес.

Наместо да влезе во партнерски дијалог со Владата, Неделков се одлучи да тера политика и не само што одбива понуди за раст на платите, туку создава и погрешна слика за наставниците во јавноста, грижејќи се само за парите.

Д. Е.

Next Post

Што носеа ѕвездите?-Најдобрите комбинации на познатите на фестивалот Коачела

Shortcut

Најново

Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk