ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Петличковски: Не може да сме сигурни дека кризата со КОВИД-19 заврши, но ќе имаме неколку мирни месеци

April 29, 2022 21:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не може да сме сигурни дека кризата со коронавирусот заврши, но знаеме дека во моментов ризикот за некаква сериозна компликација и сериозен притисок на нашиот здравствен систем е многу низок и од таа причина одлучивме да предложиме укинување на речиси сите рестриктивни мерки, со назнака дека на дневна и неделна основа ги дискутираме бројките, го следиме движењето и доколку има потреба ќе реагираме благовремено со воведување на некои нови мерки. Мислам дека ќе имаме многу мирни неколку месеци за од есен ќе видиме, истакна вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, јавува МИА.

Во врска со неносењето маска во маркет, која, пак е задолжителна во такси возило, рече дека ризикот во затворен мал простор во такси шансите за пренос на инфекцијата е многу голем, додека шансите за пренос на инфекција во маркетите се помали, а во болниците и во аптеките идејата е да се заштитат тие кои се во ризична категорија и оттука и планот за носење маски.

– Вчера имавме 32 хоспитализирани пациенти со КОВИД-19 што е одличен показател на трендот, многу мал дел од нив се во сериозна состојба и има еден или ниеден починат дневно, што укажува дека состојбата е многу стабилна и со многу мал ризик, потенцијал за влошување. Секогаш тие кои ќе стигнат до болница се во придружни коморбидитети. Има некои чии коморбидитети се откриваат во тек на хоспитализацијата. Останува еден голем процент на невакцинирани кои стигнуваат до болница. Последниве месеци имунитетот кој се стекнува со вакцинација и со прележување на болеста се изедначува. Прележувањето е поризичниот пат за стекнување имунитет. Затоа апелирам дека нема да се откажеме од вакцините и после овој летен период на олабавување ќе започнеме повторно една поинтензивна кампања за објаснување на користа од вакцините која е неспорна во случај наесен да треба да се подготвуваме за нов бран, рече Петличковски во гостување на ТВ Сител.

Во врска со постковид компликации рече дека голем дел од компликациите го засегаат нервролошкиот систем, има кардиолошки случаи, има малку психологија нарушена, има засегање на црниот дроб, значи многу систем се засегнати од Ковидот.

– Размислуваме да организираме клиника или институција која ќе биде ориентирана на справување со постковид симптомите, додаде Петличковски.

Next Post

Петровска: Организацијата на резервни офицери е пример и промотор на евроатлантските вредности

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk