ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Санкционирани 142 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај

May 2, 2022 11:11
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во повеќе општини се спроведени акциски контроли и се изречени санкции поради прекршоци во сообраќајот.

При контролата спроведена вчера, од 17:00 до 22:00 часот, на територијата на цела држава биле откриени и санкционирани 142 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. За време на контролата биле санкционирани и 153 останати прекршоци.

Во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје е изречена вкупно 91 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон.

Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 санкции за управување под дејство алкохол, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли…

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера од 17:00 до 22:00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на населба Илинден. При контролата биле откриени и санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол, кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. За време на контролата биле санкционирани и 10 останати прекршоци.

Во контролата на подрачје на СВР Куманово, спроведена вчера од 17:00 до 22:00 часот, биле откриени и санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Куманово – 19, на подрачјето на Кратово – четири, два на подрачјето на Крива Паланка. За време на контролата биле санкционирани и седум останати прекршоци.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера, од 17 до 22 часот, спровеле контрола и биле откриени и санкционирани вкупно 21 возач под дејство на алкохол, од кои 15 во Тетово и шест во Гостивар. Возачите веднаш биле исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци.

Во контролата санкционирани се и 25 други видови сообраќајни прекршоци, од кои 10 во Тетово и 15 во Гостивар.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да се воздржат од конзумирање алкохол кога седнуваат зад волан и посебно да внимаваат со колкава брзина се движат, односно да ја прилагодат брзината според условите на патот, но и кога и каде престигнуваат. Се очекува денеска на повеќе патишта  на подрачјето на СВР Тетово да има зголемен интензитет на сообраќајот бидејќи завршува продолжениот празничен викенд и токму поради тоа голем број граѓани ќе се враќаат кон нивните домови од туристичките центри Охрид, Маврово или Попова Шапка, а тоа се однесува и на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

СВР Тетово со свои служби, на повеќе места, ќе ги покрива овие сообраќајници, со цел да се обезбеди непречен и безбеден проток на возилата и да не се создаваат непотребни сообраќајни мешаници, а од возачите бара и очекува разбирање и малку повеќе трпение.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за ФРОНТЛАЈН по повод првомајските празници апелираше до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите.

Ангеловски: МВР и овој празничен викенд ќе има засилени сообраќајни контроли

 

 

Next Post

Фински весник тврди дека државата ќе побара членство во НАТО на 12 мај

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk