ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ВМРО-ДПМНЕ пет години не плаќало данок за Белата палата

May 5, 2022 16:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со цеде и документи, обвинителот Љубомир Лапе, утрово во Кривичниот суд на судот му предложи дополнување на доказите на судењето за предметот „Талир 2“, кое се однесува на противзаконската градба на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Призма.мк.

Обвинението за изградбата на скапото партиско седиште во центарот на Скопје е за начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот вреден 8,2 милиони евра, а е поднесено против Никола Груевски, како претседател, и Кирил Божиновски, како, во тоа време, генерален секретар на партијата.

Меѓу четириесетината докази, се најдоа и решенија од Град Скопје за платен данок на имот за седиштето на партијата.

„Со овој доказ сакаме да го побиеме сведочењето на Коце Трајановски“, рече обвинителот Лапе, појаснувајќи дека поранешниот градоначалник на Скопје, пред судот изјавил дека партијата редовно плаќала данок на имот.

Според листата докази што на судот му ја предаде обвинителот Лапе, ВМРО-ДПМНЕ, дури годинава платило данок на имот за седиштето на партијата за периодот од 2017 до 2021 година.

Обвинителот, во листата докази предложи и царински декларации за набавениот инвентар во Белата плата. За набавката биле задолжени две фирми: „Гема инженеринг“ и „СС инвестмент“, а меѓу скапокупениот инвентар има дрвен паркет од над 75 илјади евра, теписон од Полска, кој чини над 21 илјада евра, подни плочки од Италија, кои чинат над 18 илјади евра, плафонски лустери, кваки, плочки…

СЈО, во обвинението, тврди дека скопски „Бетон“ не смеел да влезе во партнерство со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во 2011 и во 2012 година, кога почнал да се гради објектот на местото на старата жолта куќа, градежната компанија дури 75 отсто од приходите ги добила од државни тендери, со што се прекршени Законот за политичките партии, Законот за финансирање на политичките партии и Законот за облигационите односи.

На денешното судење, дополнителни докази предложи обвинетиот Кирил Божиновски, кој во тоа време бил генерален секретар на партијата.

Тој, во краткото сведочење говореше за тоа како функционираат партиските тела и дека ги потпишувал документите што ги донесувале централниот и извршниот комитет и не било пракса да ги оспорува или да не ги потпишува.

Обвинителството досега не поднесе барање за конфискација на партискиот имот, кој е привремено замрзнат.

Откако целосно ќе заврши доказната постапка, ќе следуваат завршните зборови на обвинителството и на обвинетите по што ќе биде изречена пресуда.

Следното рочиште е закажано за 17 мај.

Извор: Призма.мк

 

Next Post

Зеленски: Сеќавањето на победата над нацизмот значи никогаш повеќе да не се дозволи она што нацистите го донесоа во Европа

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk