ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Заев од Сараево Бизнис Форум: Мораме да соработуваме за да успееме, клучот е во партнерствата и сојузништвата

May 11, 2022 13:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Мораме да соработуваме, за да успееме. Клучот е во партнерствата, во сојузништвата. Во услови на ризици од глобален немир, мораме да се здружуваме и да создаваме платформи, соработки и партнерства кои емитуваат регионален мир, стабилност, предвидливост, истакна поранешниот премиер Зоран Заев на Сараево Бизнис Форумот.

Тој рече дека е време регионот да си го „спакуваме” и како инвестициски потенцијал.

Нагласи дека за да ги донесеме големите играчи треба и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, рече Заев.

Целиот говор од Зоран Заев

„Чест ми е што учествувам на првиот панел nна овогодинешното издание на Сараево Бизнис Форум, на тема која заедно со последиците кои ги носи руската агресија врз Украина е најважната глобална тема која бара сериозни промислувања и сериозни одговори за да може да им се помогне на економиите, а со тоа на граѓаните.

Неслучајно ја спомнав и актуелната војна односно воена агресија врз Украина, бидејќи кога се зборува за обнова после Ковид, денес веќе не може а да не се зборува и за економските последици од случувањата во Украина. Кога бевме на прагот на опоравувањето од КОВИД-19 нам ни се случи Украина. И сега тие две кризи мораме да ги гледаме заедно, како последователни, но со ефекти врз истите чинители, а тоа се нашите држави, нашите народи, сите ние.

Намалени се проекциите за економски раст на глобалната и европската економија.

Светска банка во својот априлски Економски извештај за Европа и Централна Азија наведе дека стапката на раст во Западен Балкан ќе падне на 3,2 отсто во 2022 година. Тоа е намалување за 0,9 процентни поени во однос на јануарската проекција кога беше прогнозиран раст од 4,1%.

Светот, Европа, а со тоа и регионот, сите ние, веќе не се соочуваме само со намалена продуктивна моќ на компаниите или со намалена продажба поради намалената куповна моќ на граѓаните, не се соочуваме само со предизвикот да се зачуваат работните места или да се трансформира односно дигитализира дејноста на одреден бинзис.

Денес предизвиците се многу поголеми – недостаток на храна, глобална реорганизација на снабдувањето со енергенси, ценовни шокови.

Огромни се предизвиците и оттука огромна е вредноста на ваквите дискусии и форуми во потрага по промислени, здружени, регионални и глобални решенија.

Мораме да соработуваме, за да успееме. Клучот е во партнерствата, во сојузништвата. Во услови на ризици од глобален немир, мораме да се здружуваме и да создаваме платформи, соработки и партнерства кои емитуваат регионален мир, стабилност, предвидливост.

Затоа, регионалната соработка ја ставам на првото место.

Недостатоците oд вештини, од работна сила, од продукциски капацитети, па дури и од храна, било која од нашите држави, можеме да ги надоместуваме потпирајќи се на нашите соседи односно на регионалната соработка. Затоа силно го поддржувам процесот на создавање единствен пазар на Западен Балкан и очекувам да се зголемува бројот на држави кои ќе учествуваат во тргањето на пречките за слободен проток на луѓе, услуги, добра и стоки во нашиот регион.

Време е регионот да си го „спакуваме” и како инвестициски потенцијал. За да ги донесеме големите играчи треба да и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, имаме многу сонце, ветер и вода. Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат.

Погледнете го проектот Александруполи, типичен пример како треба да се игра регионално кога е во прашање глоабалната енергетска политика. Имено, пред неколку дена во Александруполи, Грција, започна изградбата на Терминалот за течен гас, проект за долгорочна енергетска независност и за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време.

Сметам дека треба да сме уште похрабри и поодлучни кога станува збор за регионалното поврзување. Ситуацијата во Украина ја налага таа нужност и ги зголемува потенцијалите од регионалната соработка на Западен Балкан.

Но, ова се големите чекори кои ќе проработат на среден рок. А, кризата тропа на врата секој ден.

Затоа, нашите држави мораат да продолжат засилено да ги помагаат граѓаните директно. Особено најранливите и најсиромашните.

Опоравувањето бара одржување на куповната моќ на семејствата, а со тоа и амортизација на ценовните шокови. Затоа, апелирам до владите, не штедете на граѓаните, напротив вложувајте во нив – во куповната моќ и во развојот на човечкиот капитал.

Минималната плата мора да одржува постојан раст, социјалната помош исто така, пензиите исто така. Државите, владите, бизнисите, синдикатите и опозициите треба да бидат во постојан дијалог и да создаваат решенија. Во кризни времиња штрајковите и блокадите не се решенија. Дијалогот е решение. Компетитивност со идеи, трагање по стабилност и предвидливост. Тоа се чекорите кои ќе не одведат до решенија, а не радикални потези, блокади, исклучивост и насилство.

Помошта треба да се засили и за компаниите.

Бескаматни и нискокаматни кредити и грантови за развој – постојано и засилено да создаваме можности за компаниите да си ги пронајдат сопствените можности. Овие мерки, заедно со силен ангажман на институциите за навремена и целосна реализација на капиталните инвестиции водат до живи, активни, еластични и издржливи економии.

Уверен сум дека економиите на Западен Балкан ќе бидат и посилни и подинамични доколку се соработуваат, доколку се здружуваат и доколку се стремат што поскоро да прераснат во една единствена отворена економија на Западен Балкан. Тоа е гаранција за конкурентност во однос на целиот свет, гаранција за инвестиции, за работни места, за потрошувачка моќ и конечно, гаранција за подобар живот на нашите граѓани.“

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Жал да го фати човека, сака, а не му е дадено премиер да биде

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk