ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Ковачевски: Со инвестиции во опрема и повисоки плати во здравството до поквалитетна здравствена услуга за граѓаните

May 14, 2022 13:38
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски придружен од министерот за здравство Беким Сали, денеска го посети и отвори одделението за магнетна резонанца во рамки на одделот за рентген во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски:

„Нашата посета на Општата болница во Прилеп е по повод отворањето на одделот во кој е поставен ново набавениот апарат за магнетна резонанца.

Одделението со нова магнетна резонанца во Прилеп е дел од приоритетите на Владата и на Министерството за здравство. Освен во човечкиот капитал, сериозно да инвестираме и во опремување и реновирање на здравствените установи.

Магнетната резонанца е од огромно значење и придобивка за граѓаните на Прилеп и околината. Во овој оддел од денеска највисока здравствена услуга неопходна за точна дијагностика ќе добиваат околу 120.000 граѓани.

После повеќе од 50 години болницата добива модерен апарат за магнетна резонанца и сега ќе може уште полесно и поцелосно да ја остварува својата мисија – да обезбедува квалитетна здравствена услуга за населението од Прилеп, Крушево и Македонски Брод и за целиот овој регион, вклучително и Кавадарци.

Граѓаните од Општина Прилеп и околината нема веќе да патуваат во Скопје или Битола за да ја добиваат оваа здравствена услуга. Сега им се отвора можност олеснет пристап, без дополнителни трошоци и време за термин, да ги добиваат резултатите веднаш.

Апаратот го обезбеди Министерството за здравство, додека болницата ги обезбеди средствата за градежниот зафат и дополнителната опрема.

Веќе ме известија дека во изминатиот период е спроведена обука и пробни снимања од лекарскиот тим и другиот медицински персонал, кои се целосно подготвени да им ја пружат на своите сограѓани најдобрата здравствена услуга.

Во изминатите две години пандемијата покажа дека инвестициите во јавното здравство се инвестиции во здравјето и иднината на нашата држава.

Затоа продолжуваме со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани.

Платите на сите вработени во здравството од почетокот на оваа година се зголемија за пет отсто. За оваа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година.

За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%.

Го коригиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар.

Ова се само дел од мерките кои ја потврдуваат нашата определба и цел за достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита, која ги има граѓаните во центарот на здравствениот систем.“

 

Next Post

Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат! – герила акција против лажните вести

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk