ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Забавен економски раст од 2,9 % и инфлација од 8,8 проценти, предвидува Народната банка

За следната година, очекувањата се дека растот ќе биде 3,6 проценти, а на среден рок дека ќе се задржи солидниот економски раст со реална стапка од 4 проценти во 2024 година.

May 16, 2022 14:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти предвидува Народната банка (НБ) во најновите пролетни проекции што е надолна корекција за еден процентен поен во однос на октомвриските проекции за 2022 година. Инфлацијата се предвидува да биде 8,8 проценти со очекување за постепена стабилизација до крајот на годината.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на прес-конференцијата на која ги претстави најновите макроекономски проекции, оцени дека тековните согледувања за растот на македонската економија се понеповолни во однос на октомвриските проекции. За следната година, очекувањата се дека растот ќе биде 3,6 проценти, а на среден рок дека ќе се задржи солидниот економски раст со реална стапка од 4 проценти во 2024 година.

– Најновите оцени за растот на македонската економија се понеповолни во однос на октомврискиот циклус проекции за оваа и за следната година, под влијание на војната во Украина и енергетската криза. Oцените се проследени со висока неизвесност, при што ризиците се надолни. Главен надолен извор на ризик во моментов претставува натамошната ескалација на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина, воведувањето нови, построги санкции и евентуалното дополнително влошување на економските односи помеѓу Западот и Русија. Дополнителен фактор на ризик е и евентуалното посилно затегнување на монетарната политика во развиените земји, како одговор на зголемените инфлациски притисоци и инфлациските очекувања. Во исто време, и натаму постојат ризиците поврзани со понатамошниот тек на пандемијата и можноста за појава на нови, загрижувачки вирусни соеви, посочи Ангеловска-Бежоска.

Очекувањата на Народната банка се дека следната година ќе има забавување на стапката на инфлација на ниво од 3 проценти, а на среден рок од околу два проценти во просек. Цените на примарните производи на светските берзи од кои земјава е увозно зависна се едни од клучните фактори дали ќе се остварат овие проекции.

– Кај нашата потрошувачка кошничка нешто повеќе од половина отпаѓа на храна и енергија, а ние сме нето увозник на храна и енергија и оттука примарните цени на светските берзи се од клучно значење за движењето на инфлацијата кај нас. Засега, меѓународните финансиски институции очекуваат умерено стабилизирање на цените на примарните производи до крајот на годината. Тоа е клучна претпоставка. Ако тоа не се случи, секако постојат нагорни ризици. Значи, што ќе се случува со цените на примарните производи на светските берзи ќе биде еден од клучните фактори кои ќе ја детерминираат патеката на инфлацијата, нагласи Ангеловска-Бежоска.

Во рамки на најновите проекции на централната банка, за годинава се очекува продлабочување на дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања до 8 проценти од БДП, додека во 2023 година се предвидува тој да се стесни до 4,5 проценти од БДП. 

– Какви ќе бидат потребите и колкаво ќе биде задолжувањето не може да каже централната банка. Клучен фактор којшто ќе го детерминира нивото или потребата од задолжување на домашни или на надворешни пазари, ќе зависи од ребалансот односно од корекцијата што Министерството за финансии ќе ја направи кај буџетскиот дефицит, истакна гувернерката на Народната банка.

Според алтернативното сценарио на Народната банка, предвидувањата се дека за еден процентен поен би се намалил економскиот раст, а за исто толку би се зголемила инфлацијата./MИА/.

Next Post
фото: religija.mk

Соборот на СПЦ прогласи канонско единство со МПЦ-ОА

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk