Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, по повод 17 мај, денот кога се одржа најголемиот граѓански протест во нашата земја, за Фрронтлајн изјави:
„На 17-ти мај 2015 кажавме дека „ние не сме бројка туку идеја“. Дел од идеите за слободна и демократска Македонија заедно ги остваривме. Но, има и заложби, цели за кои сѐ уште се бориме. Оваа слика не е само потсетник и драг спомен туку одговорност дека мора да истраеме.“