ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонците во Албанија подготвуваат прослава на 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

May 19, 2022 12:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонците од Пустец и цела Албанија, прв пат  подготвуваат содржински богата и масовна прослава на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Манифестациите, во соорганизација на Македонското друштво „Сонце” од Албанија и Друштвото за литература и култура „Мацково“ од Македонија, ќе се одржуваат во центарот на Мала Преспа и седиштето на Општината, населбата Пустец, како и во селото Глобочани, кај паметникот на големиот писател Стерјо Спасе, односно во Спомен – музејот „Стерјо Спасе“.

Најавени се низа промоции на книги и  поетски читања. Промоција ќе има и на капиталното дело „Хармониска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – Случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник“ од д-р Мариа Дојче, истакната албанска интелектуалка..

Исто така, ќе биде претставено литературното творештво на писателот Васил Шумка, по потекло од село Долна Горица, Општина Пустец, додека на 4-годишнината од неговата смрт, најавено е одбележување на  поменот и споменот за животот и делото на Спасе Мазенковски.

Тој беше познат поет, писател, новинар и публицист, по потекло од селото Леска, Општина Пустец, а, мегу другото, го уредуваше весникот „Мала Преспа“. Негова поезија ќе интерпретираат учениците од Централното средно училиште на Општина Пустец, „Митре Колевски и Трајан Ѓорѓиевски“, додека за творештвото на Мазенкоски ќе говори професор д-р Катерина Тодоровска од  Институтот за национална историја во Скопје.

Специјален гостин на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, ќе биде познатиот хрватски поет и македонист – учесник на книжевни средби и добитник на врвни македонски признанија, Валерио Орлиќ.

За таа прилика, од Тирана во Пустец, најавија патување и учество хрватскиот амбасадор во Албанија, Златко Крамариќ, заедно со амбасадорот на Северна Македонија, Данчо Марковски.

Хрватскиот поет Орлиќ е на голема книжевна турнеја низ Хрватска, а по повод Денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј, во Македонија и мегу Македонците во Албанија.

На 23 мај, во 12 часот, во Музејот на македонската борба, во објектот „Порта Македонија“, професор д-р Васил Тоциновски ќе ги претстави поетскиот опус и  најновата збирка поезија на Орлиќ, „Љубов распослана по морето“. Стихови на хрватски ќе чита авторот, додека на македонски Сашо Огненовски.

Покрај во Скопје, неговото создавање, со промоција на стихозбирката „Љубов распослана по морето“, ќе бидат претставени во Охрид, на 26 мај, во организација на НУ библиотека “Григор Прличев”, како и во Битола, на 31 мај, вечерта од 19 часот.

Валерио Оерлиќ е основач, сега почесен претседател на Хрватското книжевно здружение.

После големата турнеја по Македонија и Албанија, Орлиќ ќе биде гостин на 21-те по ред „Јадрански книжевни средби“ во Црквеница, Хрватска, од 3 јуни, каде ќе биде претставено неговото книжевно создавање./МИА/

Next Post

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во официјална посета на Бугарија

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk