ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ковачевски: Да се радуваме и да бидеме горди за прифаќањето на МПЦ-ОА како автокефална црква еднаква во православната заедница

May 25, 2022 14:32
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан, по повод одлуката за стекнување автокефален статус со кој МПЦ-ОА се прифаќа како еднаква со другите сестрински цркви во православната заедница.
На средбата, премиерот Ковачевски на Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан му го предаде писмото со честитки по тој повод во негово име и во име на Владата на Република Северна Македонија.

Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме содржината од писмото во целост:

Ваше Блаженство, Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан,

Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви ја честитам историската одлука МПЦ-ОА да биде прифатена како автокефална црква.

Бидете горди и радувајте се затоа што на Вашата генерација ѝ припадна честа и подвигот МПЦ-ОА, како наследничка на древната Охридска Архиепископија, да биде впишана како автокефална, еднаква со сите други, во диптихот на Вселенската Патријаршија во која се запишани сите канонски православни цркви во светот.

Ваше Блаженство, го избравте единствениот пат за решавање на заслужениот статус на МПЦ-ОА. Со оваа канонски исправна одлука, со радост и без најмала воздржаност ќе ја дочекаме заедничката служба со претставниците на останатите православни цркви во седиштето на Цариградската патријаршија со која ќе се прифати МПЦ-ОА како рамноправна сестринска црква.

На верниот македонски народ му честитам на трпеливоста и на истрајноста. На вербата дека заслужуваат да го дочекаат денот кога ќе бидат прифатени во љубов и кога ќе се радуваат на возобновена Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ како еднаква и официјално прифатена во заедницата православни цркви.

Во историскиот чин за прифаќање на МПЦ-ОА како канонска автокефална црква се вградени и големите дела на Светите Кирил и Методиј, на Свети Климент, како и делата на сите останати црковни и духовни големци во редот на нашата историја, вградени во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ.

Од духовните плодови и придонес на тие наши големци во историската низа на нашиот континуитет, денес Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа.

Нека ни остане засекогаш во паметење денот кога МПЦ-ОА ја стекна својата автокефалност./МИА/.

Next Post
ukrinform.ua

Воени злосторства од руските сили во војната против Украина: Руски војници силувале двегодишни момчиња близнаци

Shortcut

Најново

Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk