ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците од утре ќе користат нова модерна конференциска опрема во собраниската сала

Претседателот на Собранието смета дека со новата опрема ќе се придонесе за заштеда на хартија, имајќи предвид дека системот овозможува сите материјали што се прикачуваат на Е-Парламент да можат да директно се пребараат во системот.

May 25, 2022 14:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ја претстави новата модерна конференциска опрема во пленарната сала, што од утре ќе биде ставена во функција.

Џафери информира дека салата е комплетно обновена, а како што беше и пред пандемијата со КОВИД-19, во салата од утре ќе можат да присуствуваат и медиумите без ограничувања, според претходно воспоставените правила.

– Таа јавна набавка е направена минатата година. Извршени се сите тестирања, сите работи функционираат како што треба и од утре се враќаме во новата сала, рече Џафери, додавајќи дека на пратениците им била овозможена обука за користење на опремата.

Претседателот на Собранието смета дека со новата опрема ќе се придонесе за заштеда на хартија, имајќи предвид дека системот овозможува сите материјали што се прикачуваат на Е-Парламент да можат да директно се пребараат во системот.

Монтажата на новата опрема е спроведена во декември 2021 година, а наменската доработка и адаптација на салата во периодот од јануари до април 2022 година. Производител на опремата е германската компанија „Брелер ИЦС Конефернцтехник“, а вредноста на инвестицијата е 520.000 евра. Ваква опрема се користи во Светскиот конференциски центар во Бон, во Албанија, Швајцарија, Холандија…

Меѓу предностите на новата опрема се и целосно компјутеризираниот и дигитален принцип на функционирање, модернизација на работата и работење без хартија, прикажување на агендата на седница, кој е тековен говорник, кој е пријавен за збор, реплика, контрареплика, или процедурални забелешки, гласања по точките од дневниот ред, како и прилагодување на менито на јазикот на пратеникот. /MИА/.

Next Post

Во Прилеп ќе се одржи фестивал на убавината „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk