ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Делувањето на „првата мајка“ на Скопје не може да биде карта за иднината

May 31, 2022 13:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Да се биде градоначалник на Скопје, тоа не може да биде неполитичко прашање, не може да биде тоа „јас сум независен“ кандидат, и ако ја прескокнеме (намерно) барокизацијата и груевизацијата на Скопје и Македонија, госпоѓата Арсовска не може да биде некаква веродостојност за некоја иднина на град Скопје.

Една од старите афоризми на Гручо Маркс е онаа која вели: „луѓето ќе почнат да се однесуваат разумно кога ќе ги исцрпат сите други опции“. Од независна, од „космополитика“, од најдобра менаџерка на светот, галаксијата, космосот и Млечниот пат, госпоѓата Арсовска излегува пред скопјани како најголемото разочарување.

Имено, госпоѓата Арсовска, актуелна градоначалничка на Скопје избрана е со јака доза на „груевштина“ – го „кутнаа“ Шилегов со прилично силна сплетка: се појавија еден куп „независни кандидати“ за град Скопје на локалните избори, го расцепкаа гласачкото тело на СДСМ, односно му откинаа 30.000 илјади гласови на Шелегов за да ѝ ги инкасираат на госпоѓата Арсовска. Потоа, приказната сите ја знаете, ама нема грешка да ја повториме.

За волја на вистината, знаеше и Мицкоски дека Арсовска е релативно „неизвалкана“ во политика, практично анонимна, и тоа претставуваше во некоја смисла полн погодок за ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, комплетниот погодок остана празен. Односно испразнет од смисла и суштина: госпоѓата Арсовска е дрска, арогантна, несигурна и прилично лошо се однесува кон медиумите и јавноста како „за мајка“ на најголемиот град во државата. Скопје, сакале вие или не сакале, денес е најразвиена инфраструктура во целата држава. Не само што е најголем град, Скопје за останатите градови е најважната културна, образовна и економска средина.

Денес, Мицкоски, може да ја поддржува, може да се откажува од неа, сосема неважно. Реалноста, сепак, е многу по-прозаична: госпоѓата Арсовска залутала на оваа функција, ги изневери очекувањата на скопјани, тој град денес не е повеќе мотор на сите останати градови во некое „прометејско-европско“ визионерство. Дополнителен проблем е што ВМРО-ДПМНЕ нема личност или кандидат со некој „културњачки“ профил, некој што може да ги надмине тесно-партикуларните бразди на таа партија.

Е, сега, доаѓаме до клучното прашање: на што Арсовска ќе расте или ќе се смалува? Не, не се тоа парите. Се разбира дека парите се важни во оваа криза, ама парите ќе станат важни кога ќе го разрешиме основното начело: не дали Арсовска има пари или нема (овде некои пари секогаш има) – туку за што тие пари се даваат. Значи, за што се даваат пари, а не кому!

Натаму, стигнуваме до вториот, уште поголем проблем со госпоѓата Арсовска, нејзините ментори и град Скопје: дали во интелектуална, политичка и архитектонско-уметничка смисла друштвото на Арсовска е ирелевантно друштвенце, и не може да не се забележи и тоа дека тие луѓе немаат релевантни и репрезентативни политички агенди.

Нејзиниот програм за град Скопје може да се објасни и како системско укинување или маргинализирање на сè она кое го претставуваше пред неа, го вообличуваше, твореше и го водеше модернизациско-еманципаторскиот домет или потенцијал на една македонска култура ако сакате, оти Скопје не е само пожарната, градскиот превоз, бензинот, Скопје е потенцијалот на македонската култура во најширока смисла на зборот.

Ова што денес госпоѓата Арсовска го претставува во политичка, во градска, во културна смисла е ништо друго освен пигмејство, ждановизам и провинцијализам во служба на една политика која ја имавме и – фала му на бога – ја преживеавме.

На крајот, сосема логично се поставува прашањето: има ли смисла да се пишува за госпоѓата Арсовска откако веќе ги „сваривме рибите“? Арсовска, нејзиниот „градски менталитет“ и разбирање за градот е, сакале тие да признаат или не, конститутивен елемент на партијата на Мицкоски. Што би се рекло, до тамо им дофрла.

Не знам колку за овие работи е свесна самата градоначалничка, ама, брате мили, тоа е Скопје. А Скопје е град кој е и мој, без разлика што јас во тој град не спијам и не гласам; и Скопје не е штур и бесмислен идеологем. Скопје е град што треба да зрачи, да е силен, конкуренет, да ја разбира политиката (и културата) во најширока смисла.

Ништо, скопјани, навистина ми е жал. Повеќе среќа и будност во следното „извлекување“.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Next Post

Русите сили во ракетен напад врз Славјанск убиле тројца цивили

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk