ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Дијалогот со ССМ веројатно ќе продолжи утре, најави Ковачевски

June 2, 2022 20:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И наставниците и негувателките се дел од јавниот сектор и драго ми е што низ дијалог со СОНК постигнавме договор за зголемување на платите за 15 отсто. Кај универзитетските наставници веќе има планирано зголемување во буџетот, а со претседателот на ССМ веројатно утре ќе продолжиме со дијалог, истакна премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на Канал 5 во врска со преговорите со ССМ за линеарно зголемување на платите, информира МИА.

Според премиерот, постојат три поврзани теми кога се зборува за зголемување на платите.

– Кога разговаравме и со СОНК и со Сојузот на синдикати на Македонија, разговаравме за три работи. Првата работа е зголемување на платите, втората е методологија за зголемување на платите, каде ќе биде вклучен и перформансот на вработените, зголемување на ефикасноста, зголемување на нивната продуктивност, но и донесување на нов закон за плати. За новиот закон ќе треба сигурно шестмесечен период за усогласување, но има голема неконзистентност во платите во јавниот сектор. Таа неконзистентност мора да се отстрани бидејќи на крјаот на денот секоја неконзистентност или неусогласеност ги нарушува работните однсои во јавниот, но и во приватниот сектор, додаде Ковачевски.

Тој рече дека мора да се изврши усогласување на платите, бидејќи има институции кои се значајни но имаат ниско ниво на плати и затоа не можат да се задржат работниците.

-И наставниците и негувателките во градинките се дел од јавниот сектор. Драго ми е што низ дијалог покажавме дека сме држава со институции и со правни механизми. Беше искористен институтот на медијаторство, беше постигнат договор со СОНК и тоа на заедничко задоволство, бидејќи наставниците заслужуваат да имаат поголеми примања. 15 отсто ќе биде зголемувањето. Кај универзитетските наставници веќе има планирано зголемување во буџетот, додаде премиерот.

Тој напомена дека со претседателот на Сојузот на синдикати вчера имал разговор, а веројатно во текот на утрешниот ден ќе продолжи дијалогот.

 

Next Post

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето кај Бугарија

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk