ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Македонците се изедоа себе си

June 5, 2022 10:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Треба да се извлечат од стварноста на која се навикнале и да се стори сѐ да гледаат како ново, па немирот ќе ги присили да бараат решенија и да се обратат кај наставникот… но треба да се разбие сѐ, треба да се створи состојба на загрозеност.

Тоа е исправно. Зашто, знаењето, какво и да е, од најегзактната математика, до најматните сугестии на уметноста, не постои поради смирување на душата туку за да ја доведе до степен на треперење и напнатост.

Сабато сум го цитирал и порано, но овој пат е тука поради две причини: прво, не гледам дека има сериозни обиди да ги извлечеме Македонците од стварноста во која се препелкаат како риби во плитка вода без кислород и, второ, затоа што состојбата на загрозеност, која тука интензивно и долго се произведува, нема абер да ја смени поразителната филозофија, саморазбирање и културата на Македонците, да ги смени нив и да ги конституира во модерен субјект, туку има за цел да ги држи во калта, во барата што пред малку ја споменавме.

Можеби затоа што загрозеноста не е вистинска.

Хахаха!

Самоделска самопретстава на самоумислени и самозагрижени….

Никој не се занимава со смената на Македонците, бидејќи сите се занимаваат со смената на власта.

Страшна работа.

Во целокупната политичка историја на човештвото не постои општество кое на власта ѝ посветило поголемо внимание и интерес од македонското.

Македонецот мисли на власта и кога се секса, и кога мие заби, и кога пие кафе и кога е сам и кога е во друштво, на работа, в кафеана, дома, на фејсбук, твитер и инстаграм…

Власта е единствената тема преку која постои.

Така е издресиран.

На себе не мисли.

Односно мисли, но само преку темата за власта.

Преку темите кои ја допираат власта: цените, ѓубрето, превозот, воздухот, несреќите, болестите, здравството, интеграциите.

Неговата критиката себе си се сведува на нивото на бедата што ја опишува.

Сите сакаат да бидат лојални спрема своите браќа во несреќата.

Да бидат бедни како тие. Дури и најталентираните. Дарбата кај критичарите е потисната од лојалноста. Но, не од лојалноста кон Македонија туку кон бедата во која се наоѓа Македонија.

Македонија е како дилер кој на муштериите им продава евтин митолошки и фолклорен кокаин, прави од луѓето зависници, а потоа, кога ќе ги навлече, им ја крева цената и без никакви проблеми прави од нив будали.

Кои ќе ја оплакуваат и бранат, но никогаш нема да се осмелат да ја сменат.

Не како дилер туку како субјект.

Да ја очистат од неа самата и од нив.

Тие зависници се претвораат во фактори на македоницентричноста, на тезата дека ние сме папокот на светот.

Во услови кога и на врапците им е јасно дека македонскиот живот не е доволно силен за да побуди заинтересираност.

Нашата тематика за светот е егзотична.

Што за македонскиот идентитет ќе напише странецот кој треба да поднесе извештај за Македонија врз основа на суштината, интонацијата, јазикот, идеите што ќе ги чуе во јавната расправа. Можеби тој ќе има некои други критериуми, но мене таа расправа ми личи на звуците што се слушаат од реката во која стадо гнуови налетало на јато крокодили.

Веројатно ќе напише дека тука се работи за хибриден идентитет.

Крокодилско-гнуовски.

Или гнуовско-крокодилски.

Хахаха.

Нема повеќе македонски идентитет.

Македонците го изедоа.

Завчера напишав:

Да се пробијам низ убиствената второстепеност на мојата средина и конечно да почнам да постојам, тоа го работам јас, додека неписмената нација се бори за иденитетот. За што друго може да се бори една таква групација освен да го брани идентитетот и мене да ме затрупува со него како во некој гроб.

Македонскиот идентитет, според тоа, може да постои само според моите стандарди, а не според стандардите на нацијата.

Не би имал што да додадам.

Ако од овие последни остатоци може да се собере некаква саморепродуктивна маса, таа мора да делува врз основа на овој гомбровичевски принцип.

*

Руската инвазија врз Украина ги оживеа расправите за тоа треба ли Русија да се „деколонизира“ или можеби „дефедерализира“ за да ги контролира своите империјалистички амбиции и својата воена закана, наведува во својата анализа Леонид Бершидски, новинар и коментатор на Блумберг.

Распаѓањето на денешна Русија, слично на распаѓањето на Советскиот сојуз, се смета за можен, а за некои и најпосакуван исход од неуспешната инвазија врз Украина. Можат да се чујат и жалења што САД тоа не го поставиле како цел во деведесетите години кога постсоветска Русија беше останата во урнатини и се бореше да задржи една мала сецесионистичка регија – Чеченија.

Бершидски наведува низа историски, културни, етнички, јазички и други линии по кои би можела да оди разделбата (Татарстан, Дагестан, Тула итн.). И мисли дека таквите исходи би биле поздравени од многу Руси кои со генерации ги жртвуваат своите живото за славата на империјата и нејзината моќ и големина.

Жижек нѐ потсетува на ставовите на Џон Лок во врска со тоа дека поединецот треба да има толку земја колку што може продуктивно да користи (ограничување на приватната сопственост), што во актуелнава криза би можело да се однесува и на државите, на Русија посебно.

Макрон рекол дека Русија не треба да биде понижена. Претпоставувам, со идеја да не се положат основите на некои идни реваншистички ресентимани. Но, Русија ја понижи Путин, таа е веќе понижена. Само треба да се доведе во ситуација никогаш повеќе да не се понижи себе и да не го загрозува светот. И да не ги умира од глад луѓето на Рогот на Африка додека житото што го блокираат во украинските пристаништа скапува во силосите и бродовите.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Документите за упис во средно училиште првин ќе се достават електронски, а потоа ќе се носат и на увид

Shortcut

Најново

Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk