Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, објави дека Општина Центар ги стопира сите градежни дејствија на осум парцели на Водно.
„Станува збор за парцели меѓу кои и онаа на инвеститорот Маркеза ДООЕЛ, која до Општина Центар има поднесено барање за изградба на пристапен пат. По извештај на геодет од Општина Центар кој по излегување на терен утврдил дека нагибот на просторот каде треба да биде изведен пристапниот пат е далеку поголем од законски пропишаниот. Општината ги прекинува сите постапки за овој дел од планот“, објави Герасимовски.
Ветив дека нема да отстапам од законските процедури и го почитувам тоа. Во овој дел нема да биде исечено ниту едно дрво, истакна градоначалникот на Центар, Герасимовски.





