ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска – Стојчевска: За почит се културните односи меѓу Северна Македонија и Кралството Белгија

June 13, 2022 20:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е земја со богато културно наследство, но и актуелно творештво, каде што културата е поставена високо во приоритетите на Владата, што се потврдува и преку поддршката на голем број проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во рамките на работната посета на Кралството Белгија каде во Палатата на убави уметности во Брисел се сретна со директорката за меѓународни односи, Магдалена Лискова, директорката за филм, Жулиет Дуре, Верле Деклерк заменик директор за музика и Тони Ван дер Ејкен заменик директор за програмат Музика од светот, јавува МИА.

Изразувајќи благодарност за укажаното гостопримство и за можноста за изнаоѓање модели за заедничка соработка, Костадиновска-Стојчевска на средбата подвлече дека односите меѓу Северна Македонија и Кралството Белгија се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување, што е потврдено и со размена на посети и делегации на највисоко ниво.

– Во блиска иднина кога би го формирале македонскиот културно-информативен центар во Брисел, дискутиравме за можноста токму во Палатата на убави уметности да се организираат македонски културни настани. Нам како земја ни е важно да ја претставуваме македонската култура секаде во Европа, така што континуирано се претставуваме на Денови на културата во странство, учествуваме на меѓународните саеми на книгата, како и се претставуваме во земјите претседавачи со Европската Унија и учество на манифестацијата Европска престолнина на културата, потенцираше министерката.

На средбата беа разгледани и можностите за организација на комплексни активности во Палатата на убави уметности, како и учество на Фестивалот на Југоисточна Европа, кој треба да се одржи кон крајот на јануари 2023 година.

Костадиновска-Стојчевска упати и отворена покана до соговорниците Лискова, Дуре, Деклерк и Ејкин да ја посетат Северна Македонија и да бидат гости на некои од традиционалните меѓународни манифестации, како што се: Фестивалот „Охридско лето“, Струшките вечери на поезијата, Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Next Post

Радев на Мишел му ги повторил бугарските услови за кревање на ветото за Северна Македонија

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk