Пратеникот Олександр Горениук од Украина, се заблагодари на помошта пратена од страна на поранешниот Премиер Зоран Заев, гласи објавата од Украинската Врховна Рада на Фејсбук.
„Продолжуваме да бараме и носиме хуманитарна помош во Украина.
Денес Одеса доби серија хуманитарна помош од нашите добри пријатели од Северна Македонија, имено, преку поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев и неговата фондација, “Фондација Заев – Едно општество за сите”.
Добивме многу потребни 20 тони производи кои ќе одат за потребите на вооружените сили на Украина, бегалците и оние на кои навистина им требаат. Многу сме благодарни на луѓето од оваа земја и лично на господинот Зоран Заев и неговото семејство за поддршката на Украина во борбата против руските окупатори“, стои во објавата на Врховната Рада.