ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали Мицкоски ќе ја носи фотелјата на грб или ќе ја турка на тркалца?

Нема ништо поточно за Мицкоски од ставот: Колку подобро за Македонија, толку полошо за Мицкоски. И обратно. Што му е гајле на Мицкоски за Македонија и Македонците? Тој има поважна работа – заштита на своите интереси и исполнување на сонот да дојде на власт.

June 18, 2022 14:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Протестот на кој повика Мицкоски е уште една од долгата низа манипулации со членството. Тој со години се обидува да прикаже еден акт на терор како акт на „одбрана на уставот“. А тоа, пак, го прави затоа што нема идеја како да ги прикрие сопствените неуспеси. Не го прави тоа од патриотизам, бидејќи во тоа и онака нема никаков патриотизам, туку затоа што тоа е само средство за негово одржување во политиката.

Тој се обидува да се „вози“ на туѓа сметка (како и секогаш) и повикува на протест, обидувајќи се да ги собере плодовите од долготрајната кампања со дезинформации преку кои шири страв, несигурност и поделби меѓу луѓето. Нема ништо поточно за Мицкоски од ставот: Колку подобро за Македонија, толку полошо за Мицкоски. И обратно. Што му е гајле на Мицкоски за Македонија и Македонците? Тој има поважна работа – заштита на своите интереси и исполнување на сонот да дојде на власт. Членството во НАТО им донесе олеснување на сите, и најскептичните, но не и на оние што по секоја цена сакаат власт, пари и моќ. Макар и да се вазали на Кремљ. Меѓу нив е и Мицкоски.

Тие што мислат дека ќе го искористат партискиот превоз за да бидат на протестот и патем да завршат некоја работа, горко се лажат. Тоа се нивни пари, а превозот веќе одамна го плаќаат прескапо. Но не плаќаат скапо поради вртоглавите покачувања на цените на транспортот, туку поради вртоглаво големите апетити, поточно, алчноста на шефовите во Белата палата.

Кампањата на Мицкоски се потпира на незадоволството, стравот и неизвесноста. Причините се бројни, а голем број од нив и не зависат од домашните институции, ниту од владата, туку од светските текови. Ако основните производи поскапат поради руската агресија врз Украина, владата може само да се обиде да ги ублажи последиците (ги замрзна цените, на пример), но не и да го реши проблемот на светско ниво.

Логиката што ја наметнува Мицкоски и неговиот тим за пропаганда (црна) е дека буквално секој проблем во Македонија, безмалку и во светот, е предизвикан од владата. Ако на тоа му се додадат длабоко всадените фобии, омраза и национализам, рецептот и не е така лош. Добивате горчлив оброк чија реа се шири надалеку и предизвикува силно внимание. Колку луѓето се понаивни, толку „готвачот“ е поуспешен и „факторизиран“.

Така се манипулираат луѓето. Македонија е мала и сиромашна земја. Лесно е да се излажат луѓето, особено ако некој успее да ги убеди дека постои закана по нивната гордост и достоинство, а секако и по нивниот стандард, сигурност и безбедност. Во „специјалната операција“ страдаат фактите и расудувањето, а нивното место го заземаат сеништата на црната пропаганда.

Но не се сите толку наивни колку што изгледа на прв поглед. Една угледна американска организација направи истражување за внатрепартиската поддршка на политиката на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период во кој партијата „се прослави“ со блокади и опструкции на клучните процеси во земјата. Според резултатите од истражувањето, инаку достапни на високите функционери на дпмне, половина од членовите на партијата не ја одобруваат политиката на бојкот што ја спроведува Мицкоски и неговите најблиски соработници.

Со таков внатрепартиски рејтинг и соочен со неуспех на неговата политика на сите нивоа и во сите области, Мицкоски тргна во својот, веројатно последен, обид да ја задржи својата фотелја. Белата палата не може да ја задржи, но затоа гледа барем фотелјата да си ја задржи. Дали ќе ја стави на грб или ќе ја турка на тркалца, останува да се види. За сега, му останува лошо осмислената и ужасно здодевна кампања со дезинформации и омраза. Неволјата на Мицкоски и неговото дпмне е голема. Интернетот памти сѐ, но за негова среќа, сѐ уште има доволно пари на располагање, па може да билда бројки на социјалните мрежи и на улиците.

Мицкоски мисли дека бројките можат да му го решат проблемот. Сепак, Математичарот се лаже. Без оглед на бројките, кајмакот ќе го соберат оние што се за модерно, прозападно и демократско вемеро. Навистина, прашање е колку партијата, како таква, може да се трансформира во модерна и нормална. Но подобро е да се распадне во обидите да се модернизира, отколку да продолжи да се распаѓа како антизападна, антимакедонска и деструктивна структура со мрачно криминално минато.


Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Фабрегас го напуши Монако

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk