Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:30 часот во Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(41) од Куманово, јавува МИА.
Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија. Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.