ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Адеми: Жалам за инцидентот, очекувам ваквите ситуации да не бидат поттик за судир во Собранието

Такви сцени, додаде тој, не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од кој било друг. Адеми нагласи дека пратениците од опозицијата се обиделе да го спречат гласањето за дневниот ред и оти имало насилство врз него. За целиот инцидент, според Адеми виновен е пратеникот Антониjо Милошоски.

June 28, 2022 13:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска изрази жалење за вчерашниот инцидент на седницата на комисијата и очекува ваквите ситуации да не бидат поттик за судир во Собранието.

– Пред сѐ, жалам за она што се случи синоќа на седницата на Комисијата за европски прашања и изразив жалење за сите оние сцени испровоцирани од опозицијата што се случија, а кои не требаше да се случат, вели Адеми во изјава за Слободен печат.

Такви сцени, додаде тој, не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од кој било друг.

– Жалам за ваквите сцени и очекувам ваквите моменти и ситуации да не бидат поттик за судир во Собранието. Реформската агенда на ова парламентарно мнозинство, но и на Владата мора да продолжи, не смееме да станеме плен на нивните провокации кои се во функција на реализација на странски агенди за дестабилизација на државата но и за дефокусирање на граѓаните и на пошироката јавност од интеграциските процеси, рече Адеми.

Адеми нагласи дека пратениците од опозицијата се обиделе да го спречат гласањето за дневниот ред и оти имало насилство врз него. За целиот инцидент, според Адеми виновен е пратеникот Антониjо Милошоски.

– Насилство имаше врз мене бидејќи јас бев на моето работно место. Сите пратеници имаат партиска агенда, но таа не смее да биде на штета на институциите и граѓаните. Додека го држев микрофонот на сила ми го зедоа и физички ме повредија. Овие сцени се за жалење, потенцира Адеми./МИА/.

Next Post

Груби го свика Комитетот за Коридорите 8 и 10Д, се формираат преговарачките тимови

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk