Горд сум што заедно со мојот тим ги реализираме проектите кои ја добија довербата од граѓаните на локалните избори, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
„Наскоро се отвора вториот пензионерски клуб во катната гаража Судска палата, со што веќе два од ветените три пензионерски клубови се ставаат на располагање на нашите повозрасни сограѓани.
Горд сум што заедно со мојот тим ги реализираме проектите кои ја добија довербата од граѓаните на локалните избори.
Со ист интензитет продолжуваме со реализација на останатите проекти, секако во соработка и консултација со граѓаните.
Сакам да се заблагодарам и на ЈП ПОЦ, кои го отстапија просторот кој наскоро ќе биде ново место за дружење, забава и рекреација на нашите возрасни сограѓани“, пишува во објавата.