Како комунист по идеолошко убедување и философска ориентација, тврдам дека номенклатурата од југословенската ера и нивните потомци денес (во МК.. знаменце, cute) немаат ништо со комунизам, ништо со анти-фашизам и ништо повеќе од презир за пролетаријатот кој во овој миг, со помош на ДПМНЕ, го манипулираат за сопствени цели – не е клиентелизам, не е ни до парите, до чуството на супериорност e, кое е, меѓу другото, градено на презирот кон Бугарија, презир како кон пониска раса, пишува професорката Катерина Колозова на Фејсбук.
„Колку што бугарската номенклатура покажа презир кон нас во последните две години, и културен расизам (како што објасни Жарко Трајаноки еднаш), така и ние го покажуваме истото систематски. Сега проектирано и на Европската унија како ултимативниот зликовац.
ПС социјализмот е интернационалистички, ние сме во Европа, ако сакаме да го смениме поредокот мора да се направи заедно со сите европски народи. Доста ми е од патриоти шти ми плукаат по ѕид. Ова е унилатерална објава (ко нотата на Бугарија, може сега ќе сфатите што е тоа), нема коментари“, пишува Колозова.