ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ФТ: Цената на струјата во ЕУ урива рекорди

July 5, 2022 11:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на електричната енергија во Европа достигнаа рекордно ниво поради намалените испораки на гас од Русија, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Во Германија и во Франција, водечки земји во еврозоната, цените за мегават час за 2023 година поставија нови рекорди, достигнувајќи 325 односно 366 евра. Според експертите, зголемувањето се должи пред сè на недостигот на гас во Европа, што се појави главно поради намалувањето на увозот на овој енергенс од Русија, што, пак, се должи на воведувањето на санкции кон Русија.

Поради санкциите од Канада, Русија не успеа навреме да набави турбините потребни за Северен поток 1, принудувајќи ја да го ограничи своето производство на 40 проценти од максимумот.

Весникот нагласува дека во Европа растат стравувањата дека Русија ќе продолжи да го намалува снабдувањето по превентивното исклучување на гасоводот, што треба да започне на 11 јули. Ситуацијата се влошува поради фактот што инвестициите во нови наоѓалишта на гас ширум светот беа замрзнати за време на пандемијата со Ковид-19, што сериозно ја ограничи можноста на ЕУ да го пренасочи увозот.

Според експертите, екстремниот недостиг на гас во Европа ќе трае најмалку уште една година. Борбата против енергетската криза во ЕУ дополнително се комплицира со фактот дека нема да успеат германските обиди за подобрување на ситуацијата со враќање на електраните на јаглен, бидејќи цените на јагленот исто така сега се на максимум, наведува ФТ.

Весникот посочува и дека во исто време, многу нуклеарни централи во Франција имаа неочекувани проблеми при техничкото одржување, што исто така го ограничува производството на електрична енергија во овој сектор. Франција, која порано беше нето извозник на електрична енергија, сега мора да се потпира на испораките од Германија, Велика Британија и други соседни земји. /MИА/.

Next Post

Мицотакис пред ЕП: Не смее да се заборави на предизвикот на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk