ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Новиот европски предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието

July 5, 2022 15:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот европски предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието, што покажува дека Владата, јас како премиер и надлежните институции одговорно ги застапуваме државните интереси надвор и дома, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел.

Ковачевски нагласи и дека доследно се држат до државните позиции во преговорите со Република Бугарија во секој поглед.

– Го штитиме јавниот интерес и македонскиот национален идентитет, рече Ковачевски додавајќи дека европскиот предлог што деновиве се дискутира во земјава е предлог во кој се вклучени нашите забелешки и јасно изразени ставови.

Предлогот, како што рече тој, со сите документи е јавно објавен, а најави оти ќе биде објавен и билатералниот протокол со Република Бугарија.

– Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Македонскиот јазик во предлогот е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти. Го добивме она за што со години се бориме – чиста формулација на македонскиот јазик. Ние Македонците сме горди на својата историја, јазик и идентитет со сите свои аспекти. Македонскиот народ никој никогаш нема да го асимилира и тоа е факт, рече Ковачевски.

Додаде дека од нас зависи одлуката за иднината на државата и граѓаните. Граѓаните на Северна Македонија, како што посочи, заслужуваат да живеат како дел од европското семејство.

– Предлогот ги става и билатералните историски прашања надвор од преговарачката рамка. Отворените прашања со соседите треба да бидат затворени, но за тоа, има време, се додека не се изнајде праведно решение за двете страни. Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија не е нотиран во преговарачката рамка, тоа е билатерален документ кој не е дел до европскиот пакет, појасни Ковачевски.

Меѓувладината конференција и скринингот, додаде, ќе може да ги реализираме без одлагање и без дополнителни услови. Овој конечен европски предлог, според премиерот, овозможува безусловен старт на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот Совет од март 2020 година.

– Да размислуваме рационално, мудро и одговорно, да мислиме на иднината на нашите деца. Сега е дојден моментот кога ќе ја оставиме дневната политика настрана и ќе се држиме до официјалните документи кои се достапни. Да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ!, порача Ковачевски и изрази благодарност за поддршката што деновиве јавно ја добиваат од Европската Комисија, европските земји, меѓународната заедница, САД и останататите соседи за европскиот модифициран предлог./МИА/

Next Post

СДСМ: Координаторите на пратеничките групи утре ќе разговараат за заклучоците што треба да произлезат од Собранието

Shortcut

Најново

Фото: НАСА

(ВИДЕО) НАСА подготвена за лансирање на вселенскиот телескоп „Роман“: Финална инспекција на примарното огледало 

May 30, 2026

Африканскиот феминистички крик на ОФФест: Моќниот женски колектив „Les Amazones d’Afrique“ доаѓа во Скопје

May 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk