ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерот Спасовски повика на свесност и одговорност во протестите

July 7, 2022 18:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам сите политички партии да бидат на ниво на својата одговорност и да повикаат на мирни протести. Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во пресрет на најавениот протест за вечерва, што како и во изминатите пет дена е со цел отфрлање на предложената преговарачка рамка за деблокада на македонските евроинтеграции, jaвува МИА

Во неговиот апел до граѓаните и политичките партии кои сакаат да го искажат своето право на протест, Спасовски побара тоа да го сторат на начин преку кој ќе демонстрираат демократски капацитет, со должно почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста.

– Сакам да бидете уверени дека никој нема намера да спречи право на мирен протест, тоа е она што се очекува во една демократија. Нападите кои имаат за цел да предизвикаат меѓуетнички препукувања и ескалации од друг тип, на никој начин не можат да придонесат во демократско општество, туку напротив, претставуваат сериозен удар за демократијата и со тоа нема ништо да се постигне, посочува тој.

Според него, тоа е спротивно на сѐ она за кое, како што рече „се залагаме во градењето на нашата држава“.

-Да повредиш полицаец, значи да кренеш рака врз државата, врз синот и братот кои извршуваат службени дејствија со цел гарантирање на сигурноста и безбедноста на сите. Повикувам на свесност и одговорност во протестите – нека победи разумот!, истакнува Спасовски во апелот.

 

Next Post

Бочварски и Рустеми ја посетија цела траса на автопатската делница Кичево – Охрид

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

April 14, 2026

(ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

April 13, 2026

Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

April 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk