ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Совет на амбасадори: Осудуваме испади и насилство чија цел е дестабилизација на земјата

July 7, 2022 12:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на амбасадори изразува загриженост поради, како што наведува во реакција до медиумите – радикализација на политичките состојби во општеството со висок потенцијал на нарушување на меѓуетничките односи во земјата и смета оти  „се добива впечаток дека одредени политички партии ги злоупотребуваат емоциите на граѓаните за сопствени политички цели дури и по цена на нарушување на мириниот меѓуетнички живот“.

– Признавајќи го уставното право на граѓаните да ги изразуваат нивните ставови и чувства преку демонстрации на мирен и достоинствен начин, Совет на амбасадори го осудува секој обид или форма на вандалско однесување на поединци или организирана група на демонстранти како што ги имаше во последните два дена на овие мировни манифестации, информира Извршниот одбор на Совет на амбасадори, наведувајќи дека внимателно го следи развојот на настаните поврзани со јавната дебата околу содржината на францускиот предлог за интеграција на земјава во ЕУ преку симнување на бугарското вето, како и протестите на граѓаните.

Совет на амбасадори посочува дека нема цел да ги стиггматизира политичарите или интелектуалците, а уште помалку, како што е наведено, граѓаните кои демонстрираат или ги подржуваат овие манифестации.

– Но, е против агресивните и ирационални испади, физички насилства кои имаат цел да ја дестабилизираат земјата или по пат на насилство да ја оневозможат интеграцијата на државата во ЕУ. Советот исто така е против лансирање на секој вид лажни вести со цел манипулација со јавното мислење, поттикнувањето на разни сценарија од странска провениенција, држејки се цврсто до нашата НАТО ориентација и ЕУ интеграција, пишува во реакцијата на Советот на амбасадори.

Оттаму апелираат на смиреност на граѓаните и на отворен дијалог и аргументирна расправа на претставниците на политичките партии во дебатите на Парламент и со претставниците на Владата./МИА/

Next Post

Финска ќе постави бариери на границата со Русија

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анис – 15 април

April 15, 2026

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мо5тив, Прилеп

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk