ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грчкиот актер, режисер и поранешен директор на Националниот театар привремено ослободен, иако е прогласен за виновен за две силувања

July 13, 2022 18:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Мешаниот поротнички суд во Атина го прогласи за виновен за две од четирите силувања за кои беше обвинет грчкиот актер, режисер и поранешен уметнички директор на Националниот театар, Димитрис Лигнадис, одредувајќи му вкупна затворска казна од 12 години, но сепак ќе биде пуштен на слобода под конкретни услови, сè додека да се разгледа жалбата, јави дописничката на МИА од Атина.

Судот го прифати барањето на адвокатот на Лигнадис за одложување на издржувањето на затворската казна се додека да се разгледа жалбата, а актерот има забрана да ја напушти земјата, ќе треба трипати месечно да се пријавува во полициска станица и да плати кауција од 30.000 евра.

Одлуката предизвика негативни реакции кај присутните во сидницата, со оглед на тоа дека Лигнадис претходно беше прогласен за виновен за две силувања и тоа на малолетни лица.

Двете силувања биле извршени во 2015 година врз 17-годишни момчиња, а Лигнадис за едниот случај доби пет, а за другиот десет години затворска казна, кои на крај беа намалени на вкупно 12 години затвор.

Актерот и режисер беше уапсен лани, на крајот од февруари 2021 година и откако му беше одредена мерка притвор, веќе 17 месеци е во затвор, а судењето започна во февруари годинава.

Се товареше за пет силувања, едното дело е застарено поради поминатиот долг временски период и беше избришано, додека пак останатите три се врз лица кои биле малолетни, а четвртото е врз возрасен маж.

Откако името на Лигнадис лани започна да се споменува во повеќе наврати за случаи на силување, сексуално вознемирување, како и сексуално насилство врз малолетни деца, режисерот, две седмици пред апсењето, си поднесе оставка од позицијата директор на Националниот театар на Грција.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Трет ден собраниска расправа за ребалансот на Буџетот

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk