ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Македонскиот јазик ќе биде заштитен како еден од официјалните јазици на ЕУ

July 13, 2022 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во интервју за МИА се осврна на тоа колку навистина е заштитен македонскиот јазик во модифицираниот француски предлог, како и на влијанието што врз јазикот ќе го има унилатералната изјава на Бугарија.

– Македонскиот јазик е чист во европскиот предлог, чист. Нема никакви фусноти, дополнувања, астерикси итн. Чист македонски јазик, директно во преговарачката рамка. Унилатералните изјави, се забелешки со кои бугарската страна изјавува нешто и ние изјавуваме нешто друго. И тука се затвора таа приказна. Правно-формално, тие едностраните изјави немаат никакво влијание врз процесот. Со таа унилатерална изјава, бугарската страна, дава забелешка дека таа и само таа, и ниту една друга земја членка, има поинакво мислење од она кое e наведено во официјалниот документ на Европската Унија. И тоа стои како информација, која нема никакво влијание ниту на јазикот, ниту на процесот, ниту на која било точка од преговорите понатаму, вели Ковачевски.

Премиерот нагласува дека откако Северна Македонија ќе стане полноправна членка македонските граѓани ќе можат да се обратат до институциите на ЕУ на македонски јазик, а институциите ќе бидат должни да им одговорат, исто така, на македонски.

Тој напомена дека македонскиот јазик е специфичен и единствен и како таков, тој ќе биде заштитен, како еден од официјалните јазици на Европската Унија. Ковачевски додаде дека за тоа нема да чекаме долго, практично ќе започне процесот веднаш, со почетокот на преговорите, сите документи на Европската Унија ќе почнат да се преведуваат на македонски јазик.

– Во Европскиот парламент, македонските претставници ќе се обраќаат на македонски јазик. Практичната потврда за ваква неоспорна употреба на македонскиот јазик ќе биде потпишувањето на договорот за Фронтекс, предвидено да се случи веднаш по одржувањето на првата меѓувладина конференција помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ и државите членки. Оттука, овој меѓународен договор меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, односно државите членки, и на македонски јазик, ќе стане дел од законодавството на ЕУ, вели Ковачевски.

Според него, на овој начин не само што ќе биде заштитен, туку македонскиот јазик ќе доживее и неверојатна промоција, со тоа што многу земји и култури кои традиционално немаат допир со македонскиот јазик, ќе можат да се запознаат со него, со нашата култура, обичаи, традиција и други специфични обележја кои нѐ прават горди Македонци.

– Нашиот идентитет е широка лепеза на важни елементи кои нѐ формираат како личности  – јазикот, обичаите, фолклорот, традицијата, итн., сé што ни овозможува да ја создадеме сликата за самите себе. Никакво влијание однадвор не може да го дефинира или промени идентитетот. И кога ќе сме дел од Европската Унија, она што е автентично за нас и за нашиот јазик, култура, обичаи и традиција, ќе остане токму тоа, автентично македонско, во Европската Унија, нагласува премиерот.

За заштитата од повторни и повторни условувања во текот на преговорите и дали постои механизам, гаранција, Ковачевски со одговор дека преговорите ќе траат со години, а она што го смета за најважно е во тој процес да извлечеме најмногу што можеме и да го европеизираме нашето општество во најкус можен рок.

– Мислам дека претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел даде многу јасен и прецизен одговор на ова ваше прашање, па затоа и ќе го парафразирам неговиот одговор. Откако ќе почнеме со преговорите, забелешките за развојот и прогресот во процесот на преговори ќе се базираат  на мерит систем. Можноста да некоја земја членка има забелешки кои не се однесуваат директно на нашата работа секако дека постои, но нашиот гарант дека таквите барања нема да го нарушат процесот на преговори, е самата Европската Унија. Доколку Бугарија инсистира да вметне прашања кои не се однесуваат на прогресот, репутацискиот ризик кој го носи таквото однесување повлекува сосема поинакви последици внатре во Унијата, вели Ковачевски./МИА/

Next Post

Папата Франциск првпат именува жени во советодавниот одбор на бискупи

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk