„Слушнете што зборува денешниот борец против „бугаризацијата“ на Македонија, Антонијо Милошоски пред 18 години во Пирин планина, на гробот на Тодор Александров“ – се вели во видео објавата на Трибуна.мк.
„Најголемата надеж ми е дека еден ден, овде освен знамиња на Република Б’лгарија ќе видам и заеднички знамиња на Б’лгарија и на Македонија. Едно заедничко државно чествување на овој велик херој, кој животот го даде за слободата на поробена Македонија. Доколку не беше Тодор Александров, Македонија денес можеби ќе беше поинаква, а можеби и во Б’лгарија многу немаше да ја запаметат, таква каква што требаше да се запамети “, рекол Антонијо Милошоски пред присутни на одбележувањето на годишнината од смртта на Тодор Александров, на гробот на Александров на Пирин планина во 2004 година, пренесува Трибуна.мк.
„Единствено што ми останува е само да си поставам неколку в’проси, доколку беше жив денес Тодор Александров, дали ќе се радуваше на положението, кое денес, се уште владее во Република Македонија и ментално и политически и физически. Но она за што треба да се радува е дека во Република Македонија, тој навистина го добива заслуженото место во македонската историја и се надевам дека еден ден не само тука, туку ќе појдеме на поклонение и во неговото родно село Ново село во Штипско… Мир на праха му и да живее Македонија“, завршува Милошоски.