ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

(ВИДЕО) Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга, спречено производство на дрога вредна пет милиони евра

July 16, 2022 16:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

МВР два дена по ред, во координација со Министерзтвото за здравство презема заеднички мерки и активности за спречување на недозволената трговија со дрога. Денеска е затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга, спречено производство на дрога вредна пет милиони евра.

„На 15.07.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за исполнување на условите за производство на канабис за медицински цели и за одобренија за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство и во заедничка акција со полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга, врз основа на претходно обезбедена наредба за вршење на претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Струга, извршен е претрес и контрола над правно лице во село Дрслаица, општина Струга. При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице). Исто така пронајдени се 3442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4304 растенија. При извршената контрола се пронајдени уште 1007 растенија канабис и расад со растенијата канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење на правното лице, спротивно на одредбите од Законот за контрола на дроги.

Од извршениот увид и контрола во правниот субјект е констатирано дека има вишок на неевидентирани засадени растенија канабис, што е исто така спротивно на Законот за контрола на опојни дроги“, се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму информираат дека е констатирано дека правното лице во повеќе сегменти одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите. Од страна на Комисијата беше составен записник за констатирана состојба, изготвен записник за претрес и известен е Јавен обвинител од ОЈО Струга, по чии насоки сите предмети се одземени. Од страна на СВР Охрид до ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 В од Законот за контрола на опојни дроги и член 215 од КЗ.
Според експертите од Министерството за здравство доколку овие растенија биле оставени да произведат цвет, ќе се добиеле околу 2,5 тони канабис кои доколку биле продадени на црниот пазар би донеле противправна имотна корист од пет милиони евра.

Два дена по ред, МВР во координација со МЗ презема заеднички мерки и активности за спречување на недозволената трговија со дрога, а ваквите засилени контроли продолжуваат и во наредниот период, велат од МВР.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на премиерот Ковачевски

Shortcut

Најново

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk