fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Трака на ракавот на секој не-Македонец

Дали, по логиката на рашистите, не-Македонците во македонската фудбалска репрезентација треба да даваат помалку голови отколку чистите Македонци во тимот? Ако случајно не-Македонците дадат повеќе голови, меѓународниот судија треба да биде повикан да ги поништи „вишокот“ голови. Така?

July 18, 2022 10:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На кој начин гласањето на македонските пратеници во македонското Собрание може да предизвика нееднаквост и загрозување на уставните темели на државата? Каде во Уставот имаме одредба кој за што смее да гласа, според етничката припадност? Јас навистина не гледам каде тоа во Уставот етничката припадност е „предуслов“ за тоа колку некој смее или не смее да биде засегнат со прашањата на државата.

Но радикалите излегоа со „математички“ анализи за етничката структура на тие што гласаа за европскиот предлог во парламентот на 16 јули. Тие се во паника, бидејќи ова е голема победа на македонската држава. Првата меѓувладина конференција во Брисел ќе се одржи веќе во вторник, на 19 јули, а со тоа, по 17 години чекање, нашата земја конечно ќе зачекори на европскиот пат. Но за нив, тоа е „преседан“ затоа што и не-Македонци гласале за предлогот, та дури и биле побројни! А тој „преседан“ и „вовед во долготрајна криза“ го поддржала токму Европската Унија! Катастрофа!

За овие големи „математичари“ не е важно што дури 68 пратеници гласале ЗА и НУЛА ПРОТИВ, туку што се тие по етничка припадност. Што е следно? Трака на ракавот на секој не-Македонец?

Дали, по логиката на рашистите, не-Македонците во македонската фудбалска репрезентација треба да даваат помалку голови отколку чистите Македонци во тимот? Ако случајно не-Македонците дадат повеќе голови, меѓународниот судија треба да биде повикан да ги поништи „вишокот“ голови. Така?

Или, ако повеќе не-Македонци добијат меѓународни признанија и награди за достигнувања во спортот, науката или уметноста, да ги вратат или да им ги препуштат на чистите Македонци. Според таа етно-логика, треба да добиеме одговор и на неколку други прашања.

Колку воздух смеат да земат не-Македонците во споредба со Македонците? Секако не со полни гради, така? Колку леб, а колку сирење смеат да изедат денеска не-Македонците? Колку пиво да испијат?

Според која формула ќе се пресметува правото на не-Македонците да се чувствуваат како граѓани на Северна Македонија? Поточно, во која мерка државјанството е македонско за не-Македонците?

А што бараат Еди Рама и Александар Вучиќ да се солидаризираат со Македонците? Со кое право Вучиќ ги убедува Македонците дека е добро да ги почнеме преговорите? Та тој не е Македонец!

И конечно, да се вратиме на „преседанот“. За кои прашања смеат не-Македонците да гласаат во парламентот, а за кои не смеат? Каде е тоа регулирано во Уставот? Веројатно, според „загрижените“, покрај државјанството, треба да се воведе и друг вид верификација – етничка – за да се одреди степенот на правото според кое можат не-Македонците да се занимаваат со прашања на државата.

Соодветно на ова „финално решение“, Уставот веројатно треба да пропишува и колку долго смеат да живеат не-Македонците и што смеат да работат во земјата. Веројатно, тогаш „загрижените“ НВО експерти и фашо-политичарчиња ќе бидат поспокојни. Или и тоа не е доволно?

Можеби треба да се одреди и големината на гробовите, соодветно на етничката припадност. Или, најдобро – гасни комори! Како што гордо извикуваа на улиците цела недела од јули и во многу, многу прилики во изминатите децении.

ОК, шегата на страна, каде да се обратиме за да добиеме трака?


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. 

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: скриншот

План во девет чекори на претседавачот со ОБСЕ за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

June 4, 2023

Ана Брнабиќ: Подготвена сум да поднесам оставка, но Вучиќ засега одбива

June 4, 2023
Володимир Зеленски Foto: Wikimedia Commons

Зеленски: Им благодарам на сите кои му помагаат на МКС во истрагата на руските злосторства во Украина

June 4, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Прв пренос во живо од „црвената планета“ /Извор: НАСА

    Прв пренос во живо од „црвената планета“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба на Џафери со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сдсм да падне, а вмро да зајде!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џафери: Немаме друга алтернатива освен да продолжиме да се бориме за опстојување на системот на владеење на правото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk