Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на заедничката меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, потенцира дека сега двете земји ќе почнат да ги осеќаат придобивките, ќе има зголемени инвестиции, подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области како што се енергетиката и транспортот.
„Придобивките ќе се зголемуваат онака како што ќе напредувате со преговорите. Ќе има зголемени инвестиции, подобрена, подобрени трговски врски, побlиска соработка во клучни области како што се енергетиката и транспортот. Ќе го максимизирате ефектот од финансиите од ЕУ. Тоа значи нови работни места нови бизнис можности и ова е што вашите граѓани го чекаат толку долго и за што работеа толку напарно и ова е она што го заслужуваат. Премиере Рама и Ковачевски – покажавте лидерство, покажавте визија, покажавте стратешко трпение. Во време на руската брутална војна покажавте дека сте вистински пријатели и партнери со ЕУ и сакам да ви се заблагодарам за тоа. Луѓето од Албанија и Северна Македонија го заслужуваат тоа и еден ден сите ќе застанеме да ги пречекаме Северна Македонија и Албанија како полноправни членки на ЕУ“, потенцира Урсула фон дер Лајен.