Познатиот македонски уметник, сликар и графички дизајнер, Зоран Кардула најави изложба на 4 август во Македониумот во Крушево и забава со Томи Бојаџи.
Во изјава за ФРОНТЛАЈН, Кардула вели дека во сеќавање му е и Star Wars сериалот кој го гледал во киното во Крушево и уште тогаш имал впечаток како Македониумот да е излезен од серијалот иако истиот е изграден неколку години порано.
Крушево, Силата нека биде со тебе…
Како крушевчанец секако дека сум фасциниран од Македониумот. Се сеќавам на почетокот на неговото градење, на отварањето и на активностите кои сме ги имале како ученици. Дефинитивно има необичен изглед и на тоа кога ќе се надоврзе местоположбата несомнемо доминира во просторот, рече Кардула за Фронтлајн.
Во сеќавање ми е и Star Wars сериалот кој го гледав во киното во Крушево и уште тогаш имав впечаток како Македониумот да е излезен од серијалот иако истиот е изграден неколку години порано, истакна тој.
Кардула најави дека изложбата која ќе биде поставена во Македониумот ќе биде во склоп на „10 дена Крушевска Република”, а настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Томи Бојаџи.
По многу години успеав да ја реализирам таа моја фантазија. Го споив Македониумот и Star Wars во 12 илустрации. Изложбата која ќе биде поставена нормално во Македониумот ќе биде во склоп на ” 10 дена Крушевска Република”, а настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Томи Бојаџи, рече Кардула.
Се надевам крушевчаните како и сите гости кои ќе престојуваат во Крушево ќе уживаат во истата, изјави Зоран Кардула за ФРОНТЛАЈН.
Изложба на илустрации инспирирани од серијалот Star Wars и вонвременскиот изглед на Македониумот. Отворањето на изложбата ќе биде придружено и од музички дел за кој ќе биде задолжен Томи Бојаџи. Настанот е дел од овогодинешната програма на Десет Дена Крушевска Република.
М. Ацковска