ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Унилатералната изјава е политичка изјава на МНР, нагласи Османи

July 26, 2022 13:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Унилатералната изјава за јазикот е политичка изјава на МНР. Значи, таа не е историска изјава во која што историчарите треба да кажат историска вистина, туку политичка изјава во која што трите најважни елементи – континуитетот, односно временскиот и просторниот континиум, неможноста да се разговара или потпишува договори со ЕУ на поинаков начин и дека е официјален на цела територија и во надворешните односи, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со шефот на португалската дипломатија Жоао Гомес Кравињо, Османи рече дека во однос на унилатералната изјава успеале да ги имаат сите три елементи и покрај тоа што предлогот од германското до француското претседателство бил само да се наведе дека е официјален јазик кодифициран 1945.

– Од нашиот Устав по однос на тоа дека е официјален на цела територија и во надворешните работи, од Резолуцијата на Собранието по однос на континуитетот и од заклучоците на Собранието дека нема да прифатиме никогаш да потпишеме каков било договор со ЕУ којшто не содржи чист македонски јазик, односно да станеме членка на ЕУ ако македонскиот јазик не стане официјален. Значи, тие три работи, најважните елементи ние ги обезбедивме да бидат дел од унилатерална изјава иако е над тоа што беше првично предложено, изјави Османи.

Тој, посочи дека ова не е изјава која што дава историски контекст на јазикот, туку дека е политичка изјава.

– За нас беше важно овие три елементи да бидат инкорпорирани – Уставот, Резолуцијата 2021 предложена од опозицијата и заклучоците од последната одлука на Собранието. А се разбира, книги може да пишуваат историчарите по однос на тоа, но не е таква изјава оваа унилатерална изјава. Но, многу е важно да кажам дека унилатералната изјава на Република Бугарија не е преседан, туку е веќе пуштена во ОН уште во 2018 година. Истата таа изјава сега се повторува во земјите членки на ЕУ. Како што немаше никакви импликации во ОН македонскиот јазик со унилатерална изјава, еве дури не сте ни знаеле дека имало унилатерална изјава пред 4 или 5 години, таква е тежината на оваа унилатерална изјава, нагласи Османи.

Прашан кои се автори на декларацијата, Османи рече дека биле консултирани луѓе коишто се занимаваат со оваа проблематика.

Next Post

Гомес Кравињо не очекува билатерални блокади од Бугарија во текот на преговорите, за него ова прашање е заокружено

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk