Поранешниот градоначалник на Скопје реагира на бетонизацијата на Градскиот парк што ја спроведува градоначалничката Данела Арсовска.
„Во Градскиот парк во Скопје, во таканаречениот турски дел (паркот е подигнат на почетокот на 20-ти век), постојат (постоеа, сега веќе) земјени пешачки патеки, останати таму како традиција. Стојат така повеќе од сто години. До денес. Денес дојдоа „новите ветришта”, објави Шилегов.
Тој нагласува дека Изборот на асфалт како подлога за стази во парк, во денешно време, е, како што вели, ствар на тотално незнаење и дефинитивно на лош, ама многу лош вкус.
Какви аматери, какви незналици, штетници!, реагира на Фејбук и Никола Наумоски, шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник Шилегов.
Од Град Скопје соопштуваат дека во успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, продолжуваат со реконструирање на сите останати пешачки површини во Градскиот парк.
На социјалните мрежи и загрижени граѓани ја коментираат спроведената акција од страна на градоначалничката Арсовска.
Ј. Ѓ.
Арсовска го бетонира Градски парк – Дали на Скопје му се повторува “Битно се (к)гради”?