Речиси 800 цивили добија помош и се евакуирани од областа Доњецк во изминатиот ден, соопшти преку објава на Фејсбук, Главната дирекција на Државната служба за вонредни состојби на Украина во регионот Доњецк, пренесува Укринформ.
„За време на евакуацијата на железничката станица во градот Покровск, персоналот на Главната дирекција им пружи помош на 725 лица, меѓу кои 85 деца и седум лица со телесен инвалидитет. Спасувачите евакуирале 17 лица од областите Бахмут и Краматорск во текот на изминатиот ден. За време на евакуацијата во градот Торецк, 33 лица, меѓу кои 11 деца, добиле помош од персоналот на Државната служба за вонредни состојби“, се вели во извештајот.
Украинската вицепремиерка и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук претходно најави почеток на задолжителна евакуација од регионот Доњецк. Првиот воз за евакуација пристигна во Кропивницки рано на 2 август.